Пејачот Мики Секуловски, кој додека се натпреваруваше во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Цеца му беше ментор, со објава на Инстаграм, се обиде да ја објасни ситуацијата на концертот на балканската ѕвезда во Велес.
Тој рече дека во прв момент не видел дека Цеца има некакво знаме, бидејќи забележал некаков натпис и дека веројатно на него има и слика од пејачката, не ни помислил дека е тоа некакво знаме, особено не дека е бугарско.
Но, дека кога публиката почнала да негодува и да ја исвиркува се свестил дека таа на неа има бугарско знаме, па веднаш го земал и го тргнал иако Цеца збунето го гледала и не знаела што се случува.
„Но, штетата веќе беше направена, рече тој.
„Можеби јас порано требаше да изреагирам, но навистина не приметив дека се работи за бугарско знаме. Тоа што пробував да ја смирувам публиката, тоа беше затоа што ситуацијата веќе почна да излегува од контрола. Луѓето беа изреволтирани, со право беа изреволтирани и пробував да ја смирам ситуацијата. Навистина жално и навистина штета што се случи ова, никој не очекуваше дека во мојот град во Македонија ќе се вее бугарското знаме… никој не го помисли тоа, рече тој и додаде:
СКАНДАЛ во Велес: Цеца го разви бугарското знаме pic.twitter.com/EIR8rFAkEK
— Булевар.мк (@bulevarmk) October 31, 2025
-Разговарав со неа, таа ми кажа дека нема појма околу нашите односи со Бугарија, дека тие не се воопшто добри. Навистина ми е жал. Требаше да биде и беше прекрасен концерт додека не се случи ова. Се надевам дека ќе го поминеме сето ова и дека ќе се сеќаваме само на убави моменти, рече Мики.




