ДИК: Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски – 62,65%, Амар Мециновиќ 32,16%

Од обработени 59,93 проценти од гласовите за градоначалник на Град Скопје во вториот круг, според податоците објавени на веб страницата на ДИК, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски има 53 171 глас или 62,65 процент од вкупниот број гласови, наспроти кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ со 27 294 гласа или 32,16 проценти од вкупниот број гласови. 

Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 29,86 отсто. Од вкупно регистрирани 474.304 избирачи во избирачкиот список, гласале 84 872 граѓани.

Во првиот круг за градоначалник на Скопје одѕивот беше 49,04% од вкупниот број на регистрирани избирачи во избирачкиот список. Ѓорѓиевски во првиот круг освои 91 663 гласа или 39,41 проценти од гласовите, додека кандидатот на ПП Левица, Мециновиќ 30 665 гласа или 13,18 проценти од вкупниот број гласови.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ