По првите резултати во Левица се одржа прс конференција на која се обрати лидерто Димитар пасиев и кандидатот за градоначалник Амар Мециновиќ.
Апасиев рече:
-Ова е пирова победа на режимот. Јас како претседател на Левица оваа вечер ќе честитам победа само на градоначалниците во Кичево и Брвеница. Тоа значи дека нашата македонска платформа дава резултати доколу се обединиме. Ако треба да опишам во еден збор како помина вториот круг тоа е- ВМРО стагнира, Левица дуплира. Од првиот круг Орце од Драчево има само плус 3,5ооо гласа, додека Амар од Чаир има освоено плус 30.500 гласа. Ова само значи дека опозициските тенденции веќе се престорјуваат зад левица. Вечерва обзнанувам дека сме прва партија, дури и пред ВМРО ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром. Вреди ги зафркна ДМПНЕ. За неопределените ќе кажам дека 66 проценти од нив не излегоа да гласаат, тоа е многу неинтелегентно решение со ваков изборен модел, рече пасиев и додаде:
-Апелиравме дека неизлегувањето е неинтелегентно решение и тоа се покажа. До Левичарите ќе порачам- зарем мислевте со 16.000 евра на Фејсбук можеме да победиме ламја која вцица преку милијарда на овие избори. Тие ги имаа милијардите ние им се спротивставивме само со едно брендирано комбе. Ви ветуваме дека ќе имате пекол во собранието ако не го измените изборниот законик и ако не ни дадете член во ДИК. Амар е предводникот, рече Апасиев.
На прес конференцијата се обрати и Мециновиќ.
-Постигнавме нешто што не можевме ни да замислиме. Во овие 60.000 го имаме огледалото на иднината на Скопје. Успеавме да ја разбудиме енергијата во Скопје. Во следните години Скопје дополнително ќе се мобилизира и ќе претендира Левица да биде прва партија во Скопје. Со оваа покажавме дека иднината во Македонија е посветла, рече Мециновиќ.





