Клиничката болница – Штип и група млади: Андреј Гичев, Максим Троицки и Виктор Спасов се дел од добитниците на традиционалните Осмоноемвриски признанија, што секоја година се доделуваат на Денот на ослободувањето на градот, 8-ми Ноември. Оваа година ќе бидат доделени 18 признанија на поединци, институции и организации, заслужни за афирмација на Штип.
На листата се уметници, актери, средношколци, спортисти, граѓански организации. Прва на листата е Клиничката болница за професионалниот ангажман и брзата реакција во прифаќањето на повредените од дискотеката „Пулс“ од Кочани. Следат Фондацијата за развој на локалната заедница (ФРЛЗ), Астибо биг бенд, Извидничкиот одред „Еквинокс“, Градски камерен хор, постхумно за Ферус Мустафов, Игор Киров, Димо Узунов, Марија Минчева Андонов, Петре Мијалков, Пане Кукушев, Раде Рогожаров, Жикица Иванов, Душица Бреслиска, Благој Џоџев, Марио Ванчовски, Даниел Христов и групата млади – Андреј Гичев, Максим Троицки и Виктор Спасов.
Одлуката за доделувањето на признанијата е донесена на првата седница по основањето на новиот Совет на општината Штип.





