Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на општинската организација на партијата, Костадин Ацески, поднесе оставка од својата партиска функција.
Тој во кратко видео обраќање на социјалните мрежи истакна дека верува дека е исправно и потребно оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ.
Ацевски нагласи дека причините за неговата одлука не се само лошите изборни резултати, туку и начинот на дејствување на раководството на партијата во изминатиот период.





