Ги загуби изборите па објави оглас: „Барам работа само во приватни компании“ – Рамадани остана и без функција и без работа

Откако ја загуби трката за градоначалник на Брвеница, кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Хаќим Рамадани се на Фејсбук објави оглас:

„Од денес сум невработен. Јас сум дипломиран економист. Барам работа само во приватни компании!“, напиша Рамадани.

Рамадани го раководеше Инспекторатот за локална самоуправа, но откако во текот на кампањата кажа дека не му е до функцијата и ги повика Албанците да се обединат за албнаски кандидати, премиерот Хрстијан Микоцкоски му најави разрешување. Од Рамадани се дистанцира и коалицијата којашто го кандидираше.

По вториот круг на избори, Рамадани загуби од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Јовица Илиевски во трката за градоначалник на Брвеница со разлика од 145 гласа. По ова, Рамадани јавно побара итен состанок со претставници на ОБСЕ, ОДИХР, Амбасадата на САД, НДИ и сите меѓународни организации вклучени во набљудувањето и поддршката на изборите.

„Во мој капацитет како кандидат за градоначалник на општина Брвеница, барам итен состанок со вашите претставници за да разговараме за случувањата и нерегуларностите што се случија за време на изборниот процес во нашата општина. Од витално значење е гласот на секој граѓанин во Брвеница да биде почитуван и изборниот процес да остане фер, транспарентен и во целосна согласност со меѓународните демократски стандарди. Ова барање е упатено во духот на транспарентност, правда и почитување на волјата на народот“, пишува Рамадани.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ