(Видео) Жителите на Нови Сад ѝ пееја под прозор – Легендарната актерка Мира Бањац наполни 96 години

Фото: Јутјуб

Легендарната српска актерка Мира Бањац вчера наполни 96 години. За да го направат овој ден посебен за неа, жителите на Нови Сад ѝ подготвија изненадување.
Нејзините сограѓани се собраа пред зградата каде што живее актерката и ја повикаа. Кога Мира излезе на терасата, публиката ја испеа нејзината роденденска песна „Денес е прекрасен ден за нас“ и ја поздрави со громогласен аплауз.

„Среќен роденден, да си жива и здрава, Миро. Може ли една мала чаша црвено вино?“, извикуваше публиката пред нејзиниот стан.
Актерката им аплаудираше и им мавташе во знак на благодарност.
Мира Бањац е родена во 1929 година во Ердевик. Таа припаѓа на првата генерација актери кои дипломирале на Театарското училиште во Нови Сад. Заедно со пократките ангажмани во театрите во Сремска Митровица (1949 – 1951) и Бања Лука (1953 – 1955), работела во Српскиот народен театар во Нови Сад, а во 1970 година се преселила во Белград и станала член на „Ателје 212“. Освен во театарот, каде што добила голем број признанија, играла и во голем број телевизиски драми и серии, остварувајќи бројни важни улоги во филмот, пренесува нин.рс.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ