Уапсени 62 лица за измами со гатање во Турција, жртви биле стотици луѓе

Фото: МИ/Пикасбеј

Турската полиција уапси вкупно 62 лица осомничени за поврзаност со мрежа на измамници кои се претставувале како гатачи и медиуми, јавија локалните медиуми.

Групата е обвинета за измама и изнуда на клиенти преку интернет.

Во истовремени операции спроведени во 29 окрузи, 62 лица се задржани за вршење измама со искористување на религиозните чувства на граѓаните преку платформи на социјалните мрежи, пишува турското издание „Хуриет тудеј“.

При извршените претреси на адресите се запленети 2 ПОС уреди, 62 мобилни телефони, 73 СИМ-картички, 2 ССД-картички, 3 лаптопи, 4 десктоп компјутери и голем број документи, визуелни и дигитални материјали.

Локалниот дневен весник „Сабах“ јави дека жртви на групата биле стотици луѓе.

Гатањето е широко распространето во Турција, а властите редовно ги предупредуваат граѓаните за измами. Локалните медиуми исто така потсетуваат дека во јули две популарни интернет страници за гатачи беа истражувани за измама и нивниот основач беше уапсен

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ