-На 19 ноември 2025 година започнува судскиот процес за трагедијата што засекогаш ги промени нашите животи. Ние, родителите на загинатите деца, ќе бидеме таму – мирно, достоинствено и со вера во вистината, за да го следиме судењето и потсетиме дека секоја пресуда мора да се темели на вистината, а не на заборавот, велат од Здружението „16 март 2025 – Кочани“.
Во пресрет на почетокот на процесот, ги повикаа сите граѓани на Македонија, на Кочани и „сите што верувате во човечноста и правдата“ да им се придружат на 8 ноември, во сабота во 14:05 часот. Маршот ќе почне од паркот на Револуцијата во Коани.
-Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство во име на оние што повеќе не можат да чекорат. Овој марш не е протест, туку мирен марш за правично судење, за да потсетиме дека зад секој “број” стои име, живот, семејство и болка. Нашата порака е едноставна, но длабока: За нашите деца. За Вистинска правда. За Македонија со совест. Да покажеме дека ова опшество не молчи пред неправдата и дека постои народ што н се откжува од вистината, велат од Здружението.





