Големо апсење во Скопје, ОЈО ГОКК и МВР во акција

Во моментов во Скопје трае голема акција под раководство на ОЈО ГОКК и МВР. Според неофицијални информации се вршат претреси во Платежна агенција и дека се апсат директори. Односно дека е уапсен в.д. директорот на генцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кој наводно барал мито.

Акцијата ја потврдија и од ОЈО ГОКК.

-Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК во моментов истражители од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршат претреси на повеќе локации низ државава поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа“, велат од ОЈО ГОКК, кое најави детали за утре, бидејќи во моемнтов се вршат претреси.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ