Нела Манческа со песната „Miracle“ ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Македонската Радио Телевизија со гордост ја претставува песната „Miracle“, во изведба на Нела Манческа, со која ќе настапи на овогодинешното издание на Јуниорскиот Евросонг 2025.
Создадена од Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст), „Мирацле“ не е само песна — тоа е чувство. Таа раскажува приказна за храброст, надеж и верба во себе – за моментот кога ја пронаоѓаме сопствената светлина дури и во најтемните мигови. Со својот емотивен вокал и искрена интерпретација, младата Нела Манческа ја оживува пораката дека секое дете, секој човек, има сила да засвети и да остави свој траг.


Видеоспотот, во режија на Огнен Шапковски, преку кинематографски кадри и топли златни тонови, го претставува патувањето од нежност до сјај – создавајќи моќна визуелна симболика на пораката што ја носи песната.
На 13 декември во Тбилиси, Грузија, Нела Манческа ќе настапи десетта по ред, носејќи ја светлината на „Мирацле“ на 23-то издание на Јуниорскиот Евросонг.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ