Александар Наунов, татко на Надица, која загина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на својот Фејсбук профил сподели видео од незиното последно заминување од дома, вечерта кога таа отишла во диско и никогаш повеќе не се врати.
Во постот со видеото Наунов пишува:
-Последното затворање на вратата.. Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив на мојот свет. Моето дете, мојата Надица, ја затвори вратата со насмевка, а јас не знаев дека зад неа ќе остане нејзиниот живот, заробен во пламен, во неправда, во тишина што нема крај. Наместо да ја чекам со внуци во прегратка, јас ја чекам во соништата – таму каде што не гори. Наместо нејзиниот глас, слушам ехо од болка, наместо чекори по ходникот – тишина што ме гуши. Помина време, но не и мојата болка.
Надица, ти остана вечна во моето срце, во секоја свеќа што ја палам, во секоја солза што не престанува.
Твоето име ми е молитва, твојот лик – вечна светлина. И додека светот заборава, јас ќе живеам за да те паметам.




