УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе

Фото: Јутјуб

Последиците од климатските промени веќе принудија милиони луѓе да ги напуштат своите домови, предупреди Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) пред денешниот почеток на Конференцијата на ОН за климата КОП30, што ќе се одржи во бразилскиот град Белем.

– Во текот на изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови предизвикаа околу 250 милиони внатрешни раселувања, што е еквивалентно на повеќе од 67.000 раселувања дневно, се наведува во извештајот на УНХЦР.

Се додава дека три четвртини од луѓето раселени поради конфликти живеат во земји кои се особено ранливи на ефектите од климатските промени.

УНХЦР како климатски кризи ги наведува поплавите во Јужен Судан и во Бразил, рекордни топлотни бранови во Кенија и во Пакистан и недостигот на вода во Чад и во Етиопија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ