-Кога ја видов плачеше како бебе, затоа со татко ми се чувствуваме како да сме спасиле човечки живот, вели Андреј Ангелов од Зрновци, кој пред два дена во каналот во селото, спаси мала срна.
Андреј живее во Зрновци, веднаш до каналот и не ни помислил дека пиењето утринско кафе ќе му се претвори во хумана мисија.
-Утрото ког станав, додека пиев кафе видов во каналот, кој е веднаш до мојата куќа, нешто чудно. Прво мислев дека е некоја коза, бидејќи ми беше многу чудно дека после толку време срна дошла среде село. Беше повредена, лежеше во каналот и плачеше. Беше мирна и исплашена. Се симнав во каналот, мислев ќе бега ама беше мирна. Ја извлековме со татко ми и видовме дека беше повредена. Повикав полиција, а дојдоа и инспектори, ловочувар. Ја сликаа, а потоа дојде и ветеринар, кој мораше да ѝ направи оперција. Имаше прострелна рана од пушка. По операцијата ја однесовме кај ловочуварот во дворот во кој има кафез. Кај него беше два дена, заздравуваше од анестезијата. Денеска ја пуштивме во природата, вели Андреј и додава:
-Раната беше мала, малку требаше да се смири и сега е добро.Јас сум сретнал срни во планината и многу се чувствителни. Многу добро срце. Имат и мил поглед. Ама ловџиите ги визнемируваат и затоа тие бегаат. Оваа срна ловец ѝ пукал намерно во глава. Имаше прострелна рана со куршум од карабин. Првиот ден само лежеше, беше зашеметена од анестезијата, а вчера дури јадеше и вода се напи. Затоа денес со ловочуварот ја пуштивме во природата, кај што и е место. Од Ловното друштво дадоа дозвола дека може да се пушти, вели тој.
Андреј е љубител на природата и, како што вели, секогаш трчи да помогне.
-Мене не ми е прв пат да сретнувм срна. Јас постојано одам во планината, ги среќавам, ама во село прв пат. Веројатно дека била исплашена многу, со болки и затоа се симнала. Ја сакам природата, а ги сакам и животните. Пред две недели сам со мои средства ја порибив реката Зрновка. Сам потрошив илјада евра, а добив и нешто донација и ја порибив. По професија сум готвач, ама одгледувам крави, коњи, прасиња и живина. Имам 60 крави и 15 коњи. Татко ми е земјоделец и заеднички бизнис ни е ова. Убаво се живее. А и ги сакам животните, вели Андреј.




