„Летај галебе“- концерт за паметење во чест на Кире Костов

Фото: Вангел Тануровски

„Илузија“, При очи ти си слеп“, „Штом се сака“, „Тајно моја“, „Твојте очи сине“ „Само сеќавања“, „223-305“, „Кој да ти каже“… Ова се само дел од песните на маестро Кире Костов, кои беа отпеани вчера вечерта на концертот „Летај галебе“ во НОБ во негова чест.


Задоволството го имаше публиката да ги види на сцена Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Биба Додева, Елена Ристеска, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Сефедин Бајрамов, Мустафа Имери, Александар Тарабунов, Ана Петановска, Елена Васова и Сигијама Кономи, кои ги пееја овие безвременски хитови.

Костов, кој не беше само композитор, туку и педагог, трубач и диригент во својот опус има направено над 700 песни, бројка за почит, но и квалитет за почит.


„Сопругата на Кире Костов, Кармен помести планини за да се одржи овој концерт. Легендарниот Шпато еднаш ѝ рекол: ‘Кармен, помири се со тоа дека Кире ќе ја сака музиката најмногу’. До крајот на животот најважни му беа петте грации, сопругата Кармен, ќерките Ана и Нина и внуките Елена и Марта“, рече Живкица Каленикова, која беше водителка.

Емотивен момент на концертот беше кога евергринот „Кога те нема“, првата победничка песна на „Макфест“ ја отпеа Сигијама Кономи и ја воодушеви публиката пеејќи ја македонски.

Публиката буквално уживаше во секоја нота, во секоја песна и наградуваше со овации и аплауз.

Организатор на концерто беше „Баги комуникации“.

В.М.

Фото: Вангел Тануровски

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ