Да навиваме за Македонија! Летонија последна проверка за нашите фудбалери пред гостувањето во Кардиф

Македонската фудбалска репрезентација вечер ја пречекува Летонија во контролен натпревар. За селекторот Благоја Милевски овој дуел ќе биде можност за проверка пред гостувањето кај Велс.

-Ќе се обидеме да испробаме некои поинакви опции, како на тактички план, а и да видиме физички во каква состојба се сите фудбалери. Летонија е квалитетна селекција, а победа секогаш е во нашите мисли. Секој натпревар е важен. На овој меч сакам да ја видам и пошироката слика на Македонија, мораме да размислуваме и за иднината, изјави Милевски.

Натпреварот ќе се игра на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 18 часот. 

Фудбалската федерација на Македонија одлучи влезот да биде бесплатен.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ