Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија

Фото: Вангел Тануровски

 Без победник и без постигнат гол (0:0) заврши вечерашниот контролен натпревар на македонската фудбалска репрезентација со Летонија.

На средбата одиграна на Национална арена „Тодор Проески“ пред околу 3.500 гледачи, двете репрезентации имаа свои моменти, но не ги искористија шансите.

„Црвено-жолтите“ следниот натпревар ќе го имаат во Кардиф против Велс во квалификациите за Светското првенство 2026. Оваа средба е закажана за 18 ноември.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ