(Видео) Македонската песна низ светот – Групата „Маестро“ на турнеја во САД и Канада

Ако сакаш да уживаш во македонска музика, тогаш задолжително е да одиш на настап на групата „Местро“!  Ова го велат сите љубители на македонската музика, а секако и на музиката на оваа група, која веќе 13 години го краси македонското естрадно небо.

Дека е задоволство да се слушаат покажува и фактот што зад себе имаат многу авторски песни, но подеднакво ја негуваат и старата македонска убава песна на сите нивни настапи каде и да се.

Овие школувани музичари знаат што да им понудат на публиката, која од ден на ден станува се поголема и поголема. Армијата обожаватели им се протега низ целиот свет, од Австралија до Америка.

Но, овие момчиња досега ја поминаа Австралија, Азија и Европа, а сега останува Америка и Канада. И покрај долгогодишното барање на нашите иселеници во САД и Канада, конечно дојде време и на овој континент да се слуше во живо она што го прават овие талентирани и квалитетни музичари.

Македонците во Америка и Канада може да здивнат, групата „Маестро“ по барање на нашинците во февруари тргнуваат на турнеја. Во рамките на турнејата „Маестро“ ќе одржат шест концерти и тоа на 6 февруари во Бафало, на 7 февруари во Њујорк, на 13 февруари во Детроит, на 14 во Индијана, на 20-ти во Чикаго и на
21 февруари во Торонто, Канада.

Членови на групата се: Кирил Митоски – вокал,  Илија Филиповски – виолина,  Војче Петрушев – хармоника,  Александар Тренкоски – кларинет и саксофон,  Љупче Ѓоргиев – клавијатури и вокал  и  Гаврило Дуковски – ударни инструменти.

Сите се пресреќни што конечно ќе се дружат со нашинците преку барата.

-Го поминавме светот промовирајки ја македонската музика, но ете се случи во Америка и Канада да немаме настапи. Со години наназад љубителите на нашата музика ни пишувале пораки дека сакаат да дојдат на наш концерт во Америка и Канада, но некако агендата за настапи за цела година ни беше полна и не можеше да се најде термин. Среќни сме што конечно дојде и тој ден да заминеме за Америка и Канада, на наше и секако на задоволство на нашата публика. Едвај чекаме да уживаме задно во убавата македонска песна, велат членовите на „Маестро.

Македонците кои живеат и работат во Америка и Канада велат дека нивните настапи ќе бидат вистински празник за нашинците.

-Кога доаѓаме во Македонија секогаш одиме на нивните настапи. Но, конечно еве можност тие да дојдат кај нас. Далеку сме од Македонија и музиката е таа која не поврзува со нашата татковина, со нашите корени. „Маестро“ е омилен наш бенд и навистина едвај чекаме да дојдат, велат нашинците.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ