А. Ј. (32) од Калесија била убиена од истрел во неделата навечер во Мостар. Таа бегала од убиецот од автобуската станица и успеала да избега во кафуле каде што се скрила во тоалетот и повикала полиција. Убиецот ја стигнал и ѝ пресудил.
Осомничениот А. К. е долгогодишен фудбалски судија кој судел натпревари од Првата лига на ФБиХ и син на тренер и поранешен фудбалер на ФК Вележ. Тој добил дозвола за носење оружје пред околу еден месец, по што легално набавил пиштол. Според достапните информации, тој го купил оружјето бидејќи, како фудбалски судија, претходно добивал закани.
Се обидел сам да си пресуди, но пиштолот се закочил. Бидејќи жртвата претходно се јавила во полиција, патролата пристигнала во рок од две минути и го уапсила.
Убиената Алдина дошла во Мостар по вработување. Според дежурната кантонална обвинителка Весна Прањиќ, која ја води истрагата, жртвата претходно добивала закани од осомничениот, нејзин бивши дечко, но не ги пријавила во полиција.
-Според собраните информации, жртвата претходно добивала закани од А.К., кои, за жал, не ги пријавила од причини што ѝ се познати, мислејќи дека веројатно сè ќе заврши само со закани. Сепак, вечерва кога отишла во теретана, тој ја пресретнал и физички ја нападнал, по што извадил пиштол. Таа истрчала кон хотелот за да се спаси, но тој влегол по неа и ја убил – изјавил Прањиќ за Аваз.







