Повторените избори Гаши ги закажа на 11 јануари

Во писмена изјава претсдателот на Собранието Африм Гаши соопшти дека повторените избори во четирите општини каде не беше постигнат консензус, ќе се одржат на 11 јануари 2026 година. Гаши денеска го потпишал решението за повторените избори во Гостивар, Врапчиште, Маврово – Ростуша и Центар Жупа.

„Со стапувањето во сила на овој акт, надлежните институции започнуваат со спроведување на законските рокови и процедури. Упатувам повик до Државната изборна комисија, општинските изборни комисии, како и до набљудувачките организации да постапуваат совесно, транспарентно и професионално. Ги повикувам сите политички субјекти и кандидатите учесници во овој процес да водат мирен, фер и демократски изборен процес, со почитување на изборните стандарди и европските вредности. Исто така, им се обраќам на граѓаните на овие општини да го остварат своето право и масовно да учествуваат на гласањето“, стои во писмената изјава на Гаши.

За денеска во 13 часот е закажана седница на Државата изборна комисија (ДИК).

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ