Започна аплицирањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари

Од Владата најавуваат дека реализирањето на ветената мерка за поддршка на студентите официјално е започнато – од вчера е отворена апликацијата за ваучерите во износ од 250 евра, наменети за набавка на лаптопи, таблети или персонални компјутери.

Според соопштението, право на ваучер имаат сите студенти до 29 години кои во академската 2025/2026 година имаат запишано семестар на додипломски студии, без разлика дали студираат на државен или приватен универзитет. Средствата што студентите ќе ги добијат – 15.300 денари – можат да се искористат за електронска опрема по сопствен избор.

Од Владата најавуваат дека за оваа мерка се издвоени 850 милиони денари од државниот буџет, со цел директно да се олеснат трошоците на семејствата и да се поддржи модерното студирање. Аплицирањето ќе биде возможно до 20 декември, додека ваучерите ќе може да се подигнат до 31 декември 2025 година. Условите и деталите се објавени на веб-страницата на Владата, а пристап до апликацијата е достапен преку објавениот линк:

https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-apliciranjeto-za-elektronski-vauceri-za-studenti-preku-nacionalniot-portal-za-e-uslugi

Од Владата упатуваат повик студентите навремено да ја искористат можноста, нагласувајќи дека мерките за поддршка на младите и образованието остануваат приоритет.

„Студентите се иднината на Македонија. Нашата обврска е да им обезбедиме достапни и квалитетни услови за образование“, порачуваат од Владата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ