Струмичките пожарникари беа повикани во спасувачка акција во сообраќајка на патотот Валандово – Дојран, откако се преврте натоварен камион. Настанот се случил изутрината пред 8 часот.

„ТППЕ Струмица со едно ПП возило и тим од пожарникари-спасители заедно со тим на пожарникари-спасители од ТППЕ Гевгелија учествуваше во извлекување на лица од превртено и излетено од патот товарно моторно возило. Лицата се предадени на екипи на Итната помош, соопштија од ТППЕ Струмица.





