ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со Пулс

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на изјавите на Венко Филипче, посочувајќи дека секој процес е целосно отворен за јавноста и дека, согласно законите за транспарентност, на расправите може да присуствува публика. Од партијата сметаат дека прес-конференцијата на Филипче претставува „срамен обид да глуми чесен“, алудирајќи на, како што велат, бројни контроверзии поврзани со него, „од модуларната болница, па сè до разни набавки во здравството“.

„Цела држава знае, освен обвинителството“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат обвинителството да делува одговорно и, како што наведуваат, „да испита сѐ“. Притоа нагласуваат дека судот има обврска да обезбеди правда во случајот „Пулс“, да не подлегнува на политички пораки и притисоци и да ги повика на одговорност сите што се огрешиле, без разлика на етничка или политичка припадност.

Во соопштението остро се критикува прес-конференцијата на Филипче, оценувајќи ја како „алиби настап“ со кој, според партијата, тој не може да ја прикрие својата одговорност во претходни случаи.

„Вистината мора да излезе на виделина. Македонија мора да гради систем во кој нема повластени и недопрени, туку Законот ќе важи за сите“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека случајот е особено важен за да се спречат, како што велат, обиди со „евтини трикови“ да се прикрие минатото.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ