Средба на Гаши со кинеската амбасадорка Сиаојан: Релациите меѓу двете земји се одлични, со поддршка на концептот „Една Кина“

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со новата амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан, на која потенцирал дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот и со поддршка на концептот „Една Кина“.

– Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора светска економска сила, е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа. Во Собранието традиционално се формира Пратеничка група за соработка со Кина, која претставува линк меѓу Парламентите на двете држави, посочил Гаши на средбата.

Во соопштението се наведува дека соработката се одвива на сите полиња, како економија, инфраструктура, бизнис, образование, култура, спорт, а во насока на продлабочување на истата во корист на граѓаните, се и заложбите и иницијативите на амбасадорката Сиаојан.

Кинеската амбасадорка пренесе покана до претседателот Гаши за посета на Кина од страна на претседателот на Сенародниот кинески конгрес, што беше прифатено и оценето како огромна придобивка во зајакнувањето на парламентарните односи, посочуваат од Собранието.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ