Изминатиот викенд во Лас Вегас се одржа претпоследната трка од годинашниот Ф1 шампионат, а покрај возачите, една од главните ѕвезди беше светски познатиот диџеј Стив Аоки, кој пушташе музика на самата патека.
Американецот, кој има настапувано и во Македонија, во Лас Вегас дојде со својата поубава половина, а се појави со уникатни патики дизајнирани од Сатја Грабулоски и брендот SWithaDot.

Ова е петта соработка на македонскиот дизајнер со светскиот диџеј, односно петти патики со потписот на SWithaDot кои ги носи Аоки.
„На овој начин први Македонци на Ф1 гридот, во форма на 1/1 џорданки. Стив ми е долгогодишен пријател, веќе има доста 1/1s што сме ги правеле за разни прилики, ама ова беше различно бидејќи тој беше ѕвезда на вечерта. Дизајнот на патиките, овој пат е инспириран од неговиот албум и од аниме цртаниот на кој самиот тој е креатор, а се вика Hiroquest. По ова патиките ќе одат на аукција“, вели Сатја за новата соработка со Аоки.





