Димитриеска-Кочоска: Капиталните инвестиции бележат раст од 47,4 отсто

Со новата методологија за евидентирање на капиталните инвестиции, заклучно со 13 ноември, тие бележат раст од 47,4 отсто, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Таа во гостување на ТВ Сител рече дека за 2025 година има висок износ на проектирани капитални расходи, но во исто време има и огромна реализација.

– Но, она што секогаш треба да го правиме, го споредуваме со претходните години. Знаете дека методологијата ја променивме во начинот на евидентирање на капиталните расходи. И покрај тоа што ја променивме методологијата, годинава имаме реализација заклучно со 13 ноември – 22 милијарди и 151 милион денари, наспроти 19 милијарди од минатата година. Меѓутоа, доколку ги додадеме или ја прилагодиме методологијата за двете години да биде иста, тогаш годинава имаме реализација од 28 милијарди, или тоа е 47,4 отсто повеќе, рече Димитриеска – Кочоска.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ