Комплексот Aurora Resort & Spa, лоциран во малешевскиот крај, забележа значајни признанија на гала-настанот што се одржа на 26 ноември во Конгресниот центар во Нови Сад.
На свеченоста, Aurora освои вкупно шест златни медали, како и Пехар за развој на планинскиот туризам — што дополнително го зацврстува нејзиниот статус како еден од водечките туристички брендови во Северна Македонија.
Меѓу наградените беше и патописната емисија „Патуваме Сонуваме со Аурора“, со водителка Татјана Трајковска — која доби златен медал во категоријата медиумски проекти.
Покрај ова, ресортот најавува учество на 56. Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, каде ќе ги претстави своите нови програми и туристички понуди пред регионалната и меѓународната публика.
Инаку, на настанот беше дадено и постхумно признание на основачот Славе Сирачевски, за особен придонес во развојот на туризмот во Македонија.
Овие признанија се нова потврда за квалитетот на Аурора — која нуди широк спектар на услуги: луксузно сместување, СПА-велнес центар со затоплен базен, сауна, парна бања, џакузи и релаксација во природа над 1100 м надморска височина, во срцето на Малешевските планини.














