Инцидент по судење: Мајка на обвинет за убиството на турскиот државјанин која сакала да го гушне синот, заврши со пријава за напад на полицајка

Кратко по завршувањето на првото рочиште во Основниот суд – Штип за убиството на 25-годишниот турски државјани Енес Оздемери на 8 мај во кафуле на Градскиот плоштад, се случи инцидент, кој засега заврши со полициска пријава за напад на полициска службенчка од страна на мајката на еден од обвинетите.  

Во моментот кога полициските службеници го повеле осомничениот во затворското комбе, неговата мајка А.К.(52) од Турција тргнала кон него со намера да го прегрне и да се поздрави. Но, во тој момент, реагирала полициската службеничка, која го придружувала обвинетиот ја оттргнала и спречила во намерата, по што жената изгубила рамнотежа и при падот ја закачила полицајката за косата. Веднаш реагирале колегите полицајци и ја совладале жената, која веќе била падната на земја и ја привеле.

Ова ни го раскажа адвокатот на обвинетиот Шенај Османов, очевидец на настанот.

-Се’ се случуваше во момент и при оттурнувањето, мајката ја закачи полициската службеничка за косата, Излгедаше како да беше случајно. Жената падна на земја, по што беше приведена. Целата ситуација беше многу незгодна и за нас адвокатите, објасни адвокатот Османов.

За инцидентот инфомираа и од Секторот за внатрешни работи на Штип:

„На 27.11.2025 во 12:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода А.К.(52) од Р.Турција, која во моментот престојува во Штип, поради тоа што физички нападнала полициска службеничка, која била работно ангажирана за физичко обезбедување за време на судски процес кој што се одвивал во Апелационен суд Штип. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Штип.

Турската државјанка, мајка на обвинетиот помагач на убиството на Енес Оздемери, има телесни повреди, прегледана е од лекар, кој ги констатирал повредите. Одземен ѝ е пасошот и засега останува во Македонија. Претходно допатувала во Штип за денот на судењето, по што требало да замине дома во Турција.

Инаку, во текот на судењето, жената цело време тивко го коментираше судењето, поради што беше предупредувана од роднините. Во еден момент незјиниот сопруг побара целото судење да се преведува, што не ни беше земено за расправа како предлог.  

Како што веќе информиравме, во Основниот суд во Штип вчера започна судењето за убиството од 8 мај, каде обвинети се петмина. Првоосомничен е 21-годишниот Турчин Карим Кара, кој сепцијално за убиството допатувал во Скопје, каде ја имал целата логистика од останатите четворица обвинети. Во сега убиениот испукал шест куршуми, по што тој почина. Осомничениот убиец и неговите помагачи избегаа, но кратко потоа беа фатени од полицијата.

Продолжението на судењето е закажано за 19 декември.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ