Две лица од Кочани по вдишување чад од пожар – пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Во ОВР Кочани, вчера во 12:00 часот, е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа, сопственост на А.М.(50) од Кочани, информира СВР Штип.

При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.

Извршен е увид на местото на настанот, велат од СВР Штип. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ