Се подготвува исплатата за Избирачките одбори во Штип – Потрошени 155.000 евра за спроведување на Локалните избори

Повеќе од еден месец откако завршија Локалните избори во Штип, деновиве се „бројат парите“ за тие кои го спроведоа изборниот процес. Во Штип имаше 80 избирачки места, што значи исто толку Избирачки одбори, со кои раководеше Општинската изборна комисија (ОИК). За сите потреби за изборите, вклучително и патни трошоци и надоместок за учесниците во изборите, беа издвоени 9,5 милиони денари, што е идентична сума како и претходните Локални избори во 2021 година. За разлика од Парламентарните и Претседателските избори, за Локалните парите доаѓаат од Буџетот на општината.

-Очекуваме исплатата на надоместокот да почне на почетокот на декември, ни изјави Виктор Вацев, претседател на ОУК Штип.

Исплатата на составите на Избирачките одбори е според Правилникот за критериумите за определување на надоместок на членовите на избирачките одбори, донесен од Државната изборна комисија (ДИК). Според овој Правилник, висината на надоместокот зависи од бројот на гласачи на избирачкото место и се движи меѓу 12.000 до 22.000 денари, износ што зависи и од позицијата во избирачкото тело.  Дополните 20 проценти има следува на тие што работеле ден пред гласањето, кај болните и изнемоштените гласачи, додека при повторено гласање следи 50 отсто плус.

Што се однесува до надоместоците за составот на Општинската изборна комисија (ОИК), за општините со избирачки места од 71 до сто, претседателот ќе добие 72.000 денари, заменикот претседател – 65.000 денари, секретарот – 62.000, неговиот земниј – 31.000 денари, за член на ОИК – 59.000 денари, а за заменик – член 44.000 денари.

Локалните избори во Штип завршија во Првиот круг, но за Општинската изборна комисија ќе има уште една незавршена работа, а тоа се повторените избори во 4 општини, кога ќе гласаат затворениците од Затвор – Штип од општините каде ќе се повтори гласањето.     

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ