Неодамнешниот инцидент во Кавадарци, кога беше прекинат концертот на српската ѕвезда Аца Лукас, по што тој беше приведен од полицијата, според менаџерот Бобан Милошески од Авалон продукција е задоцнета и несоодветна реакција. Прво, како што рече Милошески во Стадион на Канал 77, Лукас не е тој што требало да биде приведен, туку сопственикот на локалот.
-Требало да биде уапсен, задржан тој што не му создал услови, а тоа е веројатно сопственикот на локалот, тоа е мое мислење како промотер. Неверојатно глупо е да го уапсиш, да го задржиш Аца Лукас. Мора на некој начин да се подигне стандардот во ова (организирањето на настани н.з.). Добро е тоа што се случи со Аца Лукас, но никако да го задржиш, на средина да прекинешконцерт, мора да најдеш механизми, да организираш порано, рече Милошески.
Од аспект на работата што ја работи и богатото искуство, за кое зборуваше во Стадион, Милошоски бара да не биде погрешно сфатен, бидејќи бенд, група мора да им менаџер. Главниот менаџер од друга страна, мора да има помошници, кои ќе отидат на местото на настанот и да ги видат условите.
-Ова во Кочани што ни се случи, ние се уште не сме свесни. Не можеме да исперцепираме каква трагедија се случи. Ова можеше да ни се случи и на нас, со Каролина, само под услов ако сопственикот пушти пиротехника без ние да знаеме. Да се доизразам до крај – може да се случи да оди некој со Каролина, некој долгогодишен соработник, пр. продукциски менаџер, и ако газдата каже овде ќе пуштам пиротехника – моите ќе речат не може, овде имаш церада. Но, може да се случи газдата да пушти без да ти каже. Затоа мора да има синџир на одговорност. Кутар Панчо врз себе си го презеде тоа со ДНК, работеше се’. Неверојатно ми е криво за Кочани, сега ќе бараме кој е крив кој е прав, рече Милошески од Авалон.
Повеќе во видеото:




