Македонија е синоним за жртви, никој не смее да биде исклучен од „Безбеден град“, рече Тошковски

Во последните 15 години Македонија, за жал, е синоним за врв на жртви со смртни последици предизвикани од непочитувње на сообрќајните правила. Бројката е 145 жртви. Сиот овој убав народ што живее во ова убава Македонија не е само бројка кога говориме за 145 жртви, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски обраќајќи се на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа”, што се одржа во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП)

Тошковски на кофренцијата кажа и дека во рамките на ЕУ има стратегија наречена „сејф систем“, во која до 2030 година бројот на жртви треба да се намали на половина, а до 2050 годин да има нула жртви како последица на непочиувње на сообраќајни правила.

-Криво ми е што морам да почнам со ваква црна состојба ама ова е реалноста, а тоа е дека околу 45 жртви на еден милон е просекот во рамкит на ЕУ, Скандинавските земји се движат некаде околу 20 ртви, а Македонија е во врвот, само лани има околу 78 жртви на милион жители. Сега сите заедно д си го посавиме прашањето- колку е вредноста на еден човечки живот? Дали 51 или 52, ко е дозволно 50. Тоа беа најчестите коментари овие 24 часа по имплементација на „сејф сити“. Да лугет можт да згрешат, не се совршени и ког управуват со возилата и кога се учсзници во сообраќајот. Да, тие грешки ќе ги им, но институциите се должни да одговорат максимално соодветно за да дојдеме до нула жртви заклуно со 2050 година, рече министерот, па се осврна на функционирањето на „Safe System” (Безбеден град), кој, според него до средина на 2026 година ќе биде имплементиран на територија на цела држава.

-Проектот е многу клучен доколку сакаме да си ги заштитиме нашите најмили и доколку сакаме да се приближиме до светските и европските стандарди. И ние заслужуваме да иамме еден стандард како што имаат Скандинавските земји. Дали можеме? Да секако дека можеме. Еднаш кажав дека не сака само молитва, сака и мотика. Сега ќе кажам дека треб и молитва и мотика, кажа тој.

Токовски подоцна одговарајќи на новинарски прашања за системот „Безбеден град“ истакна дека никој нема да биде изземен од одговорност и дека доколку биде потребно, примената на овој систем ќе отпочне од 1 февруари, со цел да има целосна имплементација.

-Целта е од 1 јануари 2026 да се започне со имплементација. Размислуваме дали тоа да биде на 1 јануари или на 1 февруари, заради тоа што не сакаме да наметнеме решение кое нема да биде подготвено за имплементација. Можеби граѓаните ќе оценат дека е потребно уште еден месец за адаптација, можеби ќе продолжиме уште месец дена плус, со цел да го допровериме и да се осигураме граѓаните да бидат целосно запознаени. Изминатиот период претставници од МВР и Министерството за транспорт, заедно со сите други институции, интензивно работат на ревидирање на сите постоечки патишта низ земјава, на кои ќе бидат лоцирани безбедносните камери, рече тој и додаде:

-Овој тест период којшто го имаме во овие 30 дена, е одлична можност граѓаните да се запознаат со сето она што сакаме да го имплементираме, со цел во 2026 година да немаме 142 жртви на улиците. Ја разбирам потребата на јавноста да ги постави сите прашања поврзани со имплементацијата на овој проект. Но треба да се има предвид дека ние сме меѓу најлошите земји во светот според бројот на луѓе загинати на улиците. Бројката од 142 жртви не е само статистика – тоа се луѓе со семејства, со деца, со родители, кои секојдневно ги губиме на улиците, рече министерот.

Според него, се ревидираат сите точки на кои ќе бидат поставени камерите и кажа дека на секоја позиција каде што ќе има камера која ќе детектира сообраќаен прекршок, тоа ќе биде претходно утврдено со ревизија – како на терен, така и согласно законската регулатива за конкретните точки. Истакна дека ќе се направи и ревизија и проверка на секој сообраќаен знак што е поставен во државата.

Новинарите го прашаа дали ќе бидат опфатени и возилата на функционерите, кои веќе имаат и црвени таблици, и како е тоа уредено со возилата на полицијата, брзата помош и други служби, на што тој рече дека „Безбеден град“ единствено може да даде соодветен одговор доколку прави неселективност во постапувањето и оти никој не смее да биде исклучен.

-Секако дека возило на Брза помош што се движи со поголема брзина во одредени јасно пропишани ситуации, не може да биде казнето. Секако и возило на МВР што е во рамки на оперативна акција и вози надвор од пропишани правила нема да биде казнето. Најодговорно тврдам дека ниту еден функционер, во рамки на редовното извршување на своите работни задачи, нема да биде изземен од системот, односно вели, просто кажано – ќе биде казнет. Досеег неколку министри и нивните возачи се веќе казнети. Нема да има селективен пристап за никого, беше дециден министерот.

Во врска со возилата со странски таблици, вели дека ќе се постапува согласно важечките закони и прописи.

-Странските возила нема да бидат исклучени од имплементирање на „Безбеден град“. Имаме утврдено правила и процедури како ќе се констатира прекршокот и како ќе се наплати. Странските возила при излез од Македонија не може да бидат спречени да ја излезат, но ќе бидат информирани дека нема да им биде дозволен повторен влез во Македонија доколку не ја платат соодветната казна за прекршокот што го сториле. Работна група составена од експерти го разгледа и ова прашање, и верувам дека понудивме соодветен одговор. Мислам дека за сите дилеми дадовме јасно образложение, рече тој.

Тошковски, кажа и дека во рамки на утврдената процедура, возила на министерот за внатрешни работи, вицепремиерот, претседателот на државата, претседателот на Собранието, премиерот, и сите други функционери – кога се под полициска придружба, таму важат други правила и тоа го регулираат други прописи, и оти не сака да се создаде погрешна перцепција.

Тој кажа дека а 24 часа се констатирани и прекршоци и слабости.

-Да констатирани се слабости, но и огромен број на прекршоци. Некаде околу 110000 само во Скопје за 24 часа. Катастрофална бројка. Некаде околу 1000 се само на нерегистрирани возила, 5000 поминување на црвено, но најстрашното е што над 90 процети е пречекорување на брзината. ако е дозволено 50, а вози 51 или 52 е прекршок, но ко удри човек, а притоа и загине е кривино дело. Не постои сообраќајка со смрти последици настаната како последица на почитување на правилата. Сите до една незгода со смртен исход е последица на непочитување. Констатиравме дека мал број прекршоци не соодејствуваат со идетитетот на оној кој ја примил пораката. Ќе утврдиме точно за причините и ќе коригираме. Ова,сепак, е тест период. Битно е што се нафтивме да го имплементирале и отстранува долгогодишно непревземање на ништо, рече Тошковски.

На прашањето колку чини системот и колку ќе чини неговото годишно одржување, рече дека ваков тип системи не може да бидат евтини.

– Со имплементацијата на овој систем е започнато пред десетина години, продолжено е во рамки на претходниот владин состав да се набавува соодветна опрема и истото го продолживме и ние како влада. Проблемот е во тоа што никој не го имплементирал во суштина онака како што треба да се иммплементира. Тоа да се случело пред десетина години, ве уверувам дека немаше да изгубиме во 2024 година 142 жртви, рече тој.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ