Во стан во покраината Анкона во Италија, 50- годишна жена од Македонија со албанско потекло вчера е пронајдена мртва. Од истрагата се сомневаат дека била претепана до смрт од нејзиниот сопруг, по кого се трага.Според прелиминарните информации, осомничениот сторител не се појавил на работа.
Жртвата С.М. неколку пати во текот на изминатата година пријавувала насилство извршено од нејзиниот сопруг, Н.М., исто така на 50 години, по потекло од Македонија.
Алармот го кренал работодавачот на жената откако таа не се појавила на работа. Потоа карабињерите влегле во нејзиниот стан, каде што ја пронашле како лежи во кревет, мртва и со видливи знаци на брутално насилство.
Мажот, кого властите сега го бараат по обвинение за фемицид, веќе еднаш бил апсен. Во април годинава полицијата го привела за напад врз сопругата.
Обвинувајќи ја за наводно неверство, Н.М. ја скршил вратата од спалната соба со секира, додека неговата сопруга била принудена да се засолни кај соседите. Таа признала дека две години била жртва на физичко насилство од нејзиниот сопруг.
По само три месеци, во јули, Н.М. прифатил спогодба за признавање на вина и, по неговото ослободување, двојката продолжила да живее заедно.
Извор: Панорама





