(Видео) Цел град на журка! Со огномет светна елката во Крива Паланка, најубаво украсен град

Фото: Фејсбук

Вчера попладне блесна Крива Паланка, град кој последните години важи за најубаво украсен во државава.

Годинава светнувањето на елката беше придружено со журка, на која се забавуваше цел град, но и огномет.

-Бајковита. Љубов и топлина, тоа е Крива Паланка, напиша градоначалникот Сашко Митовски објавувајќи фотографии и видео од новогодишната идила на градот.

„Срцето е полно радост кога гледаме дека граѓаните вистински уживаат и се радуваат на настаните што ги организираме. Посебно ме радува што празничниот дух најсилно се чувствува кај најмладите, затоа што нивните насмевки се најголемата светлина на овие денови. Крива Паланка останува отворена и гостопримлива за сите добронамерни посетители. Подготвени сме за претстојниот празничен период и најавуваме богата програма, многу дружба, радост и убави моменти“, рече Митовски.

Зборови не се потребни, погледнете ја галеријата и видеата:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ