Тројца повредени во сообраќајка кај штипско Караорман

Во сообраќајка на патот од Штип кон селото Караорман, непосредно пред влезот, вечерва околу 19:30 часот повредени се три лица, потврдија од СВР Штип. Во извлекувањето на повредените интервенираа и пожарникарите од ППТЕ – Штип.

Полицијата се’ уште е на терен и врши увид во незгодата, додека неколку амбулантни возила ги превезоа повредените до Клиничката болница. Повеќе информации се најавени за утре.

Од АМСМ информираа дека од 19:35ч. сообраќајот на регионалниот пат с.Караорман – Штип е во прекин.

фото: Архива

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ