Путин го разреши амбасадорот Баздникин по седум години служба во Скопје

Со указ објавен на официјалната веб-страница за објавување на законски акти, рускиот претседател Владимир Путин го разреши Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор на Русија во Македонија.

„Да се ​​разреши Сергеј Александрович Баздникин од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија“, се наведува во документот.

Нема објаснување за причината за неговото разрешување.

Баздникин е роден во 1967 година и служи во дипломатската служба од 1989 година. Од 2018 година, дипломатот е вонреден и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Македонија. На 2 декември со указ потпишан од Путин беше разрешен рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Вадимович Андреев.

На почетокот на септември, рускиот претседател го разреши Олег Малгинов од должноста амбасадор на Русија во  Узбекистан, позиција што ја извршуваше од март 2021 година. Причините за разрешувањето на Малгинов не беа откриени. Неколку дена порано беше разрешен рускиот амбасадор во Турција Алексеј Јерхов, кој на оваа позиција беше од 2017 година. Со претседателски указ бил прераспреден за амбасадор во Узбекистан. Само ден пред разрешувањето на амбасадорот Јерхов, турскиот потпретседател Џевдет Јилмаз, на самитот на „коалицијата на добронамерните“ за  Украина, ја изјави подготвеноста  на Анкара да ги предводи дипломатските напори за решавање на конфликтот.

Фотографија: ФБ Амбасада на Русија

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ