Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за картел при формирањето на цените

Фото: Јутјуб

 Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека во рамки на тековната работа за утврдување можни повреди на Законот за заштита на конкуренцијата, изврши увид во повеќе авто-школи на подрачјето на Републикава, при што постапувањето на Комисијата опфаќа активности поврзани со над 40 авто-школи.

-При увидот се констатирани индиции кои упатуваат на можност за усогласено однесување на авто школите – картел при формирањето на цените за обука на кандидатите за возачи што преставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата, се наведува во соопштението од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од Комисијата посочуваат дека ќе продолжат со интензивно прибирање докази и детално утврдување на сите релевантни факти и доколку се потврди постоење на забрането договорно дејствување, ќе бидат преземени соодветни мерки согласно Законот.

Комисијата останува посветена на заштита на конкурентниот пазар и интересите на потрошувачите. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ