Во денешното издание на емисијата Стадион, гости беа Анастасија Павловска, Борис Ристовски и Марија Арсенкова, активистите од „Кој е следен“ каде една од темите беше анкетната комисија за трагедијата во Кочани која се одржува во Собранието од која и тие се дел.
Поврзано со тој настан, Павловска истакна дека таму имало претставници од сите политички партии и апсолутно на сите говорите им биле исти.
„Левица повеќе зборуваа за етникум, јазикот и слично, ВМРО-ДПМНЕ се фокусираше на тоа колку се лоши Левица и СДСМ, а СДСМ се фокусираше на тоа колку се лоши ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно немаше момент во кој тие се фокусираа на самиот случај. Можеше да видиме дека сите се исти, си ги одржаа говорите и едноставно никако не ја ни допреа темата за која што бевме собрани“, изјави Павловска.
Таа додаде дека сите активисти од нивната иницијатива работат повеќе работни места за да можат да бидат паралелно и активисти.
„Навистина е многу болно кога некоја „тетка Жане“ на Фејзбук ќе пише „вас од каде ви се парите“. Кога и да зборуваат за нашето финансирање, јас само би кажала дека гледаме тие што се многу финансирани, како постапуваат спрема системот. Немаше да го критикуваме системот ако нас некој не финансираше, ние ќе профитиравме од него“, објаснува таа.
Целата емисија можете да ја погледнете на линкот:





