Јавниот обвинител Коцевски поднесе оставка

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе барање за престанок на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија.

-Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Затоа денес поднесов неотповиклива оставка од функцијата Јавен обвинител. Функцијта што во изминатите нешто помалку од две години ја вршев чесно, достоинствено и од која заминувам со гордо грената глава, но и разочараност порди очигледното непочитување на принципите врз кои почива правната држава. Доказ за тоа е фактот што дури денес, на само еден час пред закажаниот почеток ми беше доставена покана од Собрание да присуствувам на седницата на која ќе се расправа за мое разрешување. Предлогот за мое разрешување не ми е доставен и не знам на што треба да се произнесам. Собраниската седница, која очигледно требаше да биде само формалност и за која не ми беше овозможен ниту еден минимум разумен рок за да подготвам свое обраќање. Тоа е така затоа што станува збор за предлог кој не е заснован ниту на закон ниту на факти туку преставува опасен преседан со далекусежни последици по независноста на Јавото обвинитество. Овој предлог како основи за разрешување, од она што го имам како сознание, содржи само три реда а ниту еден од нив нема образложение или аргиментирана поткрепа. Законот е јасен, државниот Јавен обвинител може да се разреши само ако се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда. Тоа е така не само за моја заштита или било кој друг, туку заради заштита на самостгојноста на Јавното обвинителство и начелото на поделба на власта. Принципи кои денес длабоко се нарушени, бидејќи со ниту една постапка не е утврдено дека сум сторил дисциплинска повреда, кажа тој и објасни за неговото досегашно работење:

– Дел од обвинителставата работат со намален капацитет, без соодветна опрема, без техничка поддршка, без основни услови за работа. Но, и покрај тоа резултатите од работата се видливи, мерливи и јасни. Податоците од годишните извештаи говорат дека ефикасноста е зголемена во 2024 година, во однос на претходнта, а верувам дека така ќе биде и за 2025 година. Сработени се голем број предмети од висок јавен интерес, во кој с еопфтени осомничени блиски на разни политички и бизнис центри на моќ. Тоа говори за неселективност и објектвивен пристап. Ако почнам да ги редам ќе излезат над 20 такви предмети. Конечно, за рекордно време од само 2.5 месеци ја завршивме истрагата за пожарот во „Пулс“ а во тек се постапки и проверки за други предмети кои произлегоа од оваа истрага. Сето ова се случуваше под притисоци, сите неоправдани прозивки кои наликуваат на јавен политички линч работејќи неселективно и без компромис, кажа Коцевски па им се обрати на граѓаните:

-Ми претставуваше чест на крајот на својата кариера да ја предводам оваа важна институција и да се борам за вашата доверба во нас. Во ЈО секогаш ќе имате сојузник за заштита вашите права, секогаш чувајте ја неговата самостојност. Обвинителството е институција во која често однадвор се чини дека се кршат копја, но обвинителите и вработените во него се последниот бедем што гарантира дека тие копја нема да се скршат од грбот на народот. Јас си заминувам но верувам дека Обвинителството поседува институционлен капацитет да работи објективно затоа што институциите се поголеми од поединците, а правдата мора да биде поголема од политиката, рече тој.

На крајот на новинарите им кажа дека оставката е поднесена, доставена е до Собарние, само да се констатира. -А денес ќе одам малку порано дома, бидејќи секоја вечер одам во 9, 10, 11 часот нвечер, рече Коцевски н крајот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ