Стихови од поезијата на Котевска Георгиева во нашата амбасада во Кина

На 14 декември, во Амбасадата на Република Северна Македонија во Кина, се одржа мултимедијален културен настан на кој беа читани стихови од поезијата на Маријана Котевска Георгиева, во придружба на реномираниот музичар и гитарист Тони Китановски.

Настанот го отвори амбасадорот на Република Северна Македонија, Сашко Насев, кој ги претстави гостите и се задржа на важноста на ваквите културни настани што придонесуваат за унапредување на културната соработка меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина.

Настанот поради необичноста и спојот на две уметности, ја воодушеви публиката меѓу која беа реномирани Амбасадори од повеќе земји, конзули, политички претставници и дипломати, медиуми, и љубители на уметноста. Новата поетска збирка поезија на Маријана Котевска Георгиевска која ќе биде објавена во издание на „Арс Либрис публикации“, го носи насловот „Сè се случува кога не се случува ништо“. Поезијата се читаше на македонски, кинески и англиски јазик, бидејќи збирката, покрај македонското, ќе има и свое кинеско и англиско издание.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ