(Видео) „Таа сега танцува со ангелите“ – Погребана малата Матилда, убиена во масакрот во Сиднеј

Фото: Приватна архива

Семејството на Матилда, 10-годишното девојче и најмладата жртва на пукањето во Бонди, ја повика заедницата да не дозволи нејзината смрт да го разгори гневот додека се збогуваа со неа во четврток. Матилда беше меѓу 15-те лица убиени кога двајца напаѓачи отворија оган на настанот по повод почетокот на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј во недела, објави Би-Би-Си, пренесува индекс.хр.
Зборувајќи за Би-Би-Си на погребот на Матилда, нејзината тетка Лина Черних рече дека разбира дека еврејската заедница со право сака повеќе активности за искоренување на антисемитизмот, што и самата го поддржуваше. Сепак, таа нагласи дека Матилда била радосно дете кое ширело љубов каде и да одела и ја покани заедницата да го стори истото во нејзина чест.


„Земете го вашиот гнев и… само ширете среќа и љубов и спомен на мојата драга внука“, рече г-ѓа Черних. „Се надевам дека можеби сега е ангел. Можеби ќе испрати добри вибрации во светот“, додаде таа.

Во последните денови, лидерите на еврејската заедница посочија дека трагедијата е неизбежен резултат на борбата на Австралија со растечкиот антисемитизам. Нападот во неделата беше најсмртоносниот инцидент во земјата од масакрот во Порт Артур во 1996 година, кога вооружен човек уби 35 лица.


На службата во Сиднеј присуствуваа многу ожалостени, вклучувајќи го и генералниот гувернер Сем Мостин и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс. Многумина носеа брошеви и налепници со пчели во чест на малото девојче кое ги обожаваше. Нејзините родители, Мајкл и Валентина, ја крстија по песната “Waltzing Matilda”, како почит кон земјата каде што нивното украинско семејство најде безбедност.

„Таа игра валцер со ангелите“, рече премиерот Минс, читајќи песна во нејзина чест. Рабинот Јехорам Улман, кој ја водеше службата, едвај можеше да ги задржи солзите додека оддаваше почит на краткиот живот на Матилда.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ