(Видео) Шест минути ужас! Како полицаец спречи масакр во Сиднеј?

Фото: Јутјуб принтскрин

Детективот Сезар Бараза е прогласен за херој откако го уби еден од вооружените лица одговорни за масакрот на плажата Бонди во Сиднеј.
Снимките од местото на настанот даваат појасна слика за тоа како се одвивал антисемитскиот напад во кој загинаа најмалку 15 лица и како Бараж, вооружен само со пиштол, се движел за да ги неутрализира напаѓачите од околу 45 метри оддалеченост, помагајќи да се стави крај на најлошото масовно пукање во Австралија за речиси 30 години.

Според The Sydney Morning Herald и филијалите на CNN, 9News i 7News, се верува дека Саџид Акрам (50) е убиен од Бараж. Неколку минути подоцна, синот на Акрам и наводен соучесник Навид (24) бил застрелан и сериозно ранет.


Како што е прикажано на видеото, полицаецот Сезар Бараџа го крева пиштолот и го испукува истрелот што го убива Саид.

Преживеаниот напаѓач возвраќа кон полицаецот повеќе од една минута, сè додека самиот не е застрелан и соборен. Не е јасно дали истиот полицаец го испукал тој истрел или куршумите дошле од други полицајци кои учествувале во неутрализирањето на последниот напаѓач.
Дополнителната аудио анализа на Си-Ен-Ен, заснована на 10-минутно видео кое го сними поголемиот дел од нападот, покажа дека биле испукани најмалку 100 куршуми вкупно, вклучувајќи оган од напаѓачите и полицијата, пренесува Б92.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ