Сакала да го подигне задникот и да го коригира стомакот – Мајка на две деца починала по козметичка операција во Турција

Фото: Freepik

Мајка на две деца почина од компликации по козметичка операција во Турција. На Софи Хант, 34, од Нортхемптон, Англија, и откажале повеќе органи и почина по три срцеви застои на 9 март 2022 година, два дена откако беше подложена на бразилско подигнување на задникот (BBL) и стомачна корекција, објави Би-Би-Си.

Нејзиното семејство рекло дека се загрижени дека таа не е во соодветна состојба за операцијата, која била извршена во приватна болница во Истанбул.

„Доколку не ја беше оперирала, сè уште ќе беше жива“, рече нејзината сестра.

„Сè уште не кажаа какви биле компликациите. Тоа не е вистински одговор. Никој не може да каже со сигурност“, додаде таа.
За време на истрагата, беше објавено дека Хант била однесена со брза помош во болницата „Аврупа Шафак“ во Истанбул, која има специјализирана единица за интензивна нега за кардиологија, каде што подоцна починала.

Во изјава прочитана пред судот, Сандра Хант, мајката на починатата жена, рече дека нејзината ќерка ја изгубила свеста по операцијата и имала оток на рацете.
Сандра рече дека болничките документи покажуваат дека „некои од нејзините ЕКГ-отчитувања укажуваат на абнормален срцев ритам, за кој ѝ било кажано дека не е здрав“.
Мајката изрази загриженост дека можело да има компликација од процедурата ББЛ ако премногу маснотии биле инјектирани или отстранети од нејзиното тело.

Докторот Софи Ломас им кажала на истражителите дека бидејќи Хант починала во друга земја, таа „нема надлежност целосно да истражи што се случило во оваа болница“.
„Софи Хант починала како резултат на компликации од хируршка процедура извршена во странство“, заклучува извештајот.
Во извештајот доставен од Одборот за судска медицина на Турција се вели: „Лицето немало познати медицински состојби“.
Додадено е дека на 7 март 2022 година, таа била подложена на абдоминопластика, позната и како стомачна пластика, и липосукција пред да доживее „ненадејно губење на свеста“.
Турската истрага открила дека Хант починала „како резултат на процедурите за абдоминопластика и липосукција и компликациите што се случиле потоа“.
Обдукцијата ја извршил професорот Кевин Вест откако телото на Хант било репатрирано во Велика Британија. Професорот Вест заклучи дека таа починала како резултат на компликации од операцијата, но додаде дека „точната причина за кардиопулмоналниот застој не е јасна“, пренесува бтв новините.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ