Уште една метла во ДУИ! Ќе заминат уште десетина позати личности од раководството на партијата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се чини дека сериозно ја сфатил пораката од народот и гласачите на партијата по драстичниот пораз на партијата на локалните избори. На 20 декември се очекува Ахмети да преземе длабока реформа на партијата, отстранувајќи околу 70 проценти од раководството и заменувајќи го со нови членови, пишува тетовасот.

Според информациите, во првиот бран промени биле вклучени седум имиња: Фатмир Дехари, Муса Џафери, Џеват Адеми, Теута Арифи, Рамиз Мерко, Садула Дураку и Реси Абдурахмани.

Порталот „ТетоваСот“ дознава дека по овие седум имиња, на списокот на заминувања ќе се најдат и уште десетина други познати личности од партијата, меѓу кои: Талат Џафери, Назим Буши, Агим Нухиу, Билен Салији, Шабан Мемети, Беким Незири, Ејуп Алими, Фатмир Бесими, Ејуп Рустеми, како и уште неколку други имиња.

Со овие промени, се очекува ДУИ на 20 декември да се трансформира во партија речиси целосно со нови имиња, некои малку познати, а некои анонимни, дистанцирајќи се од личностите кои се дел од раководството и лидерските позиции повеќе од 20 години.

Според извори во ДУИ, овој чекор се смета за голема и неопходна промена, со која лидерот на ДУИ има за цел да ја оживее партијата и да се врати посилно на претстојните избори. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ