Вработените во пералната на Клинички не се дел од здравствениот систем, за брзо време инфраструктурно и со човечки капацитет ќе бидат, рече Алиу

Вработените во пералната на Клинички центар не се дел од здравствениот систем, туку се вработени во приватна компанија, а законски не смееме да се мешаме во приватниот сектор, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарско прашање по информациите дека вработените немаат земено плата, а чаршавите и сиот останат материјал се пере во друга приватна компанија.

Алиу вели дека се работи за лошо поставено јавно-приватно партнерство и дека при крај се процедурите по кои целата инфраструктура со човечки капацитет ќе бидат дел од здравствениот систем.

– При крај сме со процедурите, се додека трае оваа процедура, не смееме ништо законски да преземеме бидејки тие не се дел од нашиот здравствен систем. Не смееме да инвестираме ниту инфраструктурно во пералната бидејќи пералната моментално е во владение на приватна компанија. Мислам дека за брзо време ќе заврши процедурата и после целата институција и инфраструктурно и со човечки капацитет ќе биде дел од здравствениот систем, рече денеска Алиу.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ