Фалсификувале и лажеле – Кривични за претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид

Фото: МВР

Кривични пријави против претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Охрид за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.М.(47) и Н.Ц.(39), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“. Првопријавениот, во својство на претседател, а второпријавениот во својство на секретар на Општински фудбалски сојуз Охрид, искористувајќи ја својата положба во сојузот и пристапот во системот на Фудбалската федерација на Македонија, во текот на 2024 година во повеќе наврати креирале записници за одиграни натпревари во кои внесувале невистинити податоци за лица фудбалски судии и играчи како учесници во фудбалски натпревари кои наводно се одиграле во регионалната Б лига во рамките на Општински фудбалски сојуз Охрид, информираат од МВР и додаваат:

-Потоа, изготвувале записници со лажни и непотполни податоци и ги внесувале во системот на Фудбалската федерација на Македонија, со што ја довеле во заблуда, лажно прикажувајќи дека Општинскиот фудбалски сојуз Охрид организирал натпреварување во општинска Б лига со осум екипи како учесници, се вели во соопштението.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ