Македонскиот фудбал денеска загуби една од своите најголеми легенди. На седумдесетгодишна возраст, по кратко боледување почина Васил Рингов, поранешен македонски и југословенски репрезентативец, еден од најдобрите фудбалери што Македонија ги имала.
Роден во Струмица во 1955 година, Рингов фудбалската кариера ја започна во Беласица, по што настапуваше и за Партизан, Тетекс и Вардар, каде го остави најдлабокиот печат. Во вардаровиот дрес одигра над 200 лигашки натпревари и постигна 93 гола, станувајќи еден од симболите на клубот во осумдесеттите години.
Кратко настапуваше и за Динамо Загреб, како и за германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.




