Среде грејна сезона голем дел од Кочани со планиран прекин на струјата

Среде грејна сезона, кога максималната дневна температура за Кочани за денеска е 6 степени, ЕВН најави планиран прекин на електроснабдувањето од 09:00 до 13:00 часот.

Во 4-часовниот планиран прекин на електроснабдувањето вклучени се улиците „Ристо Симеонов“, „Димитар Влахов“, „Павлина Вељанова“, „Скоевска“, „Григор Прличев“, „Скопска“ и „Осоговска“.

На социјалните мрежи граѓани реагираат дека не се објавени сите улици на кои има прекин, дел од нив велат дека без струја е и една од поголемите населби Оризари, а има објави и дека улицата „Први Мај“ е без струја во претпладневните часови веќе втор ден.

Неофицијално станува збор за проблеми со главниот 110 киловолтен далновод.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ