Иван Соилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, на Фејсбук објави видео во кое се гледа како (не)работела администрацијата на ДУИ во ова министерство. Груби спортуваше во канцеларијата, а останатите партиски послушници буквално си спиеле, бидејќи во канцелариите си направиле имровизирани кревети.
Освен тоа, како што може да се види од видеото, во кнцеларијата имало и мини кујна со тостери и чајници.
-Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку, напиша Стоилковиќ на Фејсбук!
ДУИ; пак, денес со соопштение реагираше на седуммината отпуштени службеници од Стоилковиќ.
-Во услови кога на вработените им се одземаат најосновните елементи за работа, како функционални канцеларии, столчиња, техничка опрема и конкретни задачи, секоја таква мерка е административна фарса и доказ за однапред смислена дискриминаторска намера,се вели во соопштението од ДУИ.






