„Бадијала правиме училишта, градинки, игралишта и автопати ако нема кој да ги користи“ – Мицкоски порача младите да се релизираат како родители

Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Гинеколошко акушерската клиника, по што подоцна даде изјава за медиуми на повеќе теми, но и со порака до младите.

Тој рече:

-Нашата политика е „про лајф“, да испратам уште една порака до младите да се одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња. Денес видовме една статистика, за која јас честопати зборувам, од 2016 до 2024 година имаме за 6000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици тоа значи 300 празни училници имаме сега. Или ако една училница е 20 метри долга имаме шест километри празни училници. Вака изгледа изумирање на една нација. Ако на некого тоа не му е јасно јас би сакал преку бројки да кажам. Колку и да бидам критикуван јас ќе продолжам со ова што го кажувам. За бадијала правиме и училишта и градинки и игралуша, улици, булевари, автопати ако нема кој да ги користи. Затоа мојата порака до младите е љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме, се разбира тоа е лична одлука, но одучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители. Еве јас тука би застанал, рече премиерот, но не кажа како тие бебиња ќе се издржуваат понатаму со овие плати.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ